Забелешки за инсталацијата

Системски побарувања:

Кратенки на тастатура

Како кратенки на тастатура (комбинации на копчиња) во ОпенОфис.орг може да се користат само оние што не ги користи оперативниот систем. Ако комбинацијата на тастери во ОпенОфис.орг не работи како што е опишано во помошта, проверете дали таа кратенка не е веќе во употреба од оперативниот систем. За разрешување на такви конфликти, може да ги промените тастерите доделени од вашиот оперативен систем. Или, може да ги промените скоро сите комбинации на распоредот на тастери во ОпенОфис.орг. За повеќе информации на оваа тема, видете ја помошта на ОпенОфис.орг или помошта на вашиот оперативен систем.

Заклучување на датотеки

Во стандардната конфигурација на ОпенОфис.орг, заклучувањето на датотеки е активирано. За да се деактивира, поставете ги соодветните променливи на околина SAL_ENABLE_FILE_LOCKING=0 и направете export SAL_ENABLE_FILE_LOCKING. Овие елементи се веќе во активирана форма во скриптата soffice.

Предупредување: Активираната можност за заклучување на датотеки може да предизвика проблеми кога Соларис 2.5.1 и 2.7 се користат заедно со Линукс NFS 2.0. Ако ги има вашата системска околина овие параметри, Ви препорачуваме да избегнувате користење на заклучувањето на датотеки. Во спротивно, ОпенОфис.орг ќе заглавува кога на компјутер со Линукс ќе се обидете да отворите датотека од папка на NFS-партиција.

Регистрација

Одвојте малку време за да го извршите минималниот процес на регистрација на производот кога ќе го инсталирате софтверот. Иако регистрацијата не е задолжителна, ве поттикнуваме да се регистрирате, бидејќи така добиените информации овозможуваат заедницата да направи уште подобар софтверски пакет и директно да обрне внимание на потребите на корисниците. Преку својата политика за приватност, заедницата на ОпенОфис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци. Доколку пропуштивте да се регистрирате при инсталирањето, може да се вратите и да се регистрирате во кое било време на http://www.openoffice.org/welcome/registration20.html

Анкета за корисниците

На Интернет е поставена и анкета за корисниците, која ја препорачуваме да ја пополните. Оваа анкета ќе ни помогне ОпенОфис.орг побргу да се движи во насока на поставување нови стандарди за создавање на следната генерација на канцелариски софтвер. Преку својата политика за приватност, заедницата на ОпенОфис.орг ги презема сите мерки за заштита на вашите лични податоци.

Поддршка за корисници

За помош во врска со канцеларискиот пакет ОпенОфис.орг 2.0, погледнете ги архивите за да ги најдете веќе одговорените прашања на поштенската листа „users@openoffice.org“ на адресата http://www.openoffice.org/mail_list.html. Алтернативно, може да ги пратите вашите прашања на users@openoffice.org. Не пропуштајте да се запишете на поштенската листа за да добиете одговор по е-пошта.

Исто така, погледнете го одделот за ЧПП на http://user-faq.openoffice.org/.

Пријавете бубачки и проблеми

Веб-страницата на ОпенОфис.орг го содржи IssueZilla, нашиот механизам за известување, следење и решавање на бубачки и проблеми. Ги поттикнуваме сите корисници без задршка да ги пријавуваат сите проблеми што се појавуваат на вашата специфична платформа. Енергичното известување за проблемите е една од најважните придобивки од заедницата на корисници, коешто придонесува за развојот и подобрувањето на програмскиот пакет.

Како да се вклучите

Заедницата на ОпенОфис.орг ќе има голема полза од вашето активно учество во развојот на овој важен проект со отворен код.

Како корисник, вие сте веќе важен дел од процесот на развој на пакетот и би сакале да ве поттикнеме да преземете уште поактивна улога со намера да станете долгорочен активен член на заедницата. Ве молиме да ни се придружите и да ја посетите нашата страница за корисници на адресата: http://mk.openoffice.org

Се надеваме дека ќе уживате во работата со новиот ОпенОфис.орг 2.4 и дека ќе ни се придружите на Интернет.

Заедницата на ОпенОфис.орг

Користен / модифициран изворен код

Делови од кодот се со авторски права на Џејмс Кларк, регистрирани 1988, 1999 г. и на корпорацијата Netscape Communications, регистрирани 1996, 1998.